Неодолива чоколадна торта – летен хит!

Неодолива чоколадна торта – летен хит!

Чоколадна торта која брзо и лесно се прави.

Состојки:

  • 1 шолја слатка павлака
  • 1/4 шолја шеќер во прав
  • 1/4 шолја какао
  • 1,5 лажичка инстант кафе
  • 1 шолја врела вода
  • рендано чоколадо
  • темни кори за торта

Начин на подготовка:

  1. Изматете ја слатката павлака со шеќер во прав и какао. Кафето сипете го во сад и прелијте го со топла вода, па добро измешајте. Во огноотпорен сад наредете ги квадратните кори за торта, прелијте ги со кафе, а потоа прелијте со филот. Повторно кори, кафе, фил и така додека не го потрошите целиот материјал. 
  2. Последниот ред треба да биде филот. Потоа покријте ја тортата и оставете ја во фрижидер половина час до еден час. Посипете со рендано чоколадо.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text