Кинеска пилешка салата во слатко-кисел сос

Кинеска пилешка салата во слатко-кисел сос

Направете салата со пилешко – одлична замена за оброк.

Состојки:

  • 2 шницли бело месо
  • половина сечкана кинеска зелка
  • половина сечкана главица зелена салата
  • половина сечкана црвена пиперка
  • неколку парчиња мандарина или портокал
  • моркови исечени на ленти
  • 1 струк праз
  • крцкави нудли
  • една рака кикирики

Маринада:

  • 1 изгмечено чешне лук
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 2 лажици сок од портокал
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици соја сос
  • 2 лажици оризов оцет
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 2 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Прво испржете ги пилешките шницли. Ситно исецкајте го целиот зеленчук и месото и измешајте ги во сад. На крај додадете ги кикиритките и тестенините.

     

  2. Направете го преливот мешајќи маслиново масло, сок од портокал, соја сос, оцет и мед. Кога ќе се соединат, додадете сол и бибер, како и издробениот лук и ѓумбир. Прелијте ја салатата и подготвена е за послужување.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text