Ролат од тиквици со шунка и крем сирење: Не се знае дали е поубав на изглед или вкус

Ролат од тиквици со шунка и крем сирење: Не се знае дали е поубав на изглед или вкус

Ролат од тиквици – супер предјадење!

Состојки:

  • 3 средни тиквички
  • 5 јајца
  • 5 лажици пармезан
  • сол
  • маслиново масло
  • свеж магдонос
  • 250 гр крем сирење
  • 200 гр шунка

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките изрендајте ги и исцедете го вишокот течност. Јајцата се матат со пармезан и свеж магдонос. Измешајте со ренданите тиквички и премачкајте на плех обложен со хартија за печење што сте ја премачкале со масло. Се пече во загреана рерна на 200 степени 25 минути. Кога ќе се испече, кората за ролатот ставете ја на проѕирна фолија, премачкајте ја со крем сирењето, наредете ги листовите шунка, па завиткајте во ролна и обложете со фолија. Ставете во фрижидер да се стегне минимум 2 часа, пред да ја извадите фолијата.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text