Лажна пица маргарита: Се подготвува во тава за 10 минути

Лажна пица маргарита: Се подготвува во тава за 10 минути

Вкусна лажна пица…

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 1 јајце
  • малку сол
  • 1-2 лажици брашно (количината на брашно зависи од влажноста на тиквичките, можеби ќе ви треба повеќе)
  • 1 домат
  • 60 гр сирење по избор (најдобра е моцарела)
  • оригано, босилек

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде. Посолете, измешајте и оставете 5 минути за тиквичките да го испуштат сокот. Исцедете ја течноста од тиквичките. Додадете јајце, сол по вкус, брашно. Загрејте ја тавата, распоредете ја смесата. Покријте и пржете 4-5 минути до златно кафеава боја. Доматите и сирењето исечкајте ги на кругови. Превртете го тестото од тиквички. Додадете сирење и домати. Посолете ги доматите по вкус. Посипете со оригано и босилек. Покријте и пржете уште 3-5 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text