Крцкави и вкусни: Стапчиња со семки и сирење

Крцкави и вкусни: Стапчиња со семки и сирење

Одлични за грицкање додека гледате серија…

Состојки:

  • 130 гр сирење
  • 1 јајце
  • 100 гр путер
  • малку сол
  • 150 гр оризово или хељдино брашно
  • 1/2 лажичка сода бикарбона или малку прашок за печиво
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици сончоглед
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајце, додајте путер, па со жица измешајте. Додајте изгмечено сирење, просеано брашно со сода бикарбона, малку сол, сусам, сончоглед и ленено семе. Измешајте, замесете со раце, развлечете со сукало на половина сантиметар дебелина.
  2. Исечкајте стапчиња на сантиметар ширина и редете ги во плех. Премачкајте со жолчка и посипете со уште малку семки. Печете на 200 степени околу 20 минути да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text