Вкусно јадење – јунешки компир паприкаш.
Состојки:
- 40 мл масло
- 400 гр ситно сечкано јунешко
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 2 црвени пиперки
- 1 зелена пиперка
- сув зачин
- бибер
- ловоров лист
- 4 средни компири
- 1 свеж домат
- брашно
- зачинска пипер
- 1,5 л телешки бујон
Начин на подготовка:
- Пропржете го јунешкото на масло неколку минути да добие кора, потоа извадете од тенџере. Во истото масло ставете ситно сечкан зеленчук и пропржете. Вратете го јунешкото во тенџере. Измешајте, зачинете и налијте со малку бујон. Продолжете со готвење. После 20 минути додајте уште бујон. Гответе додека месото не биде меко, по потреба додавајте бујон.
- За крај намалете ја температурата и додајте две лажички зачинска пипер, малку сув зачин и сол и една до две лажички брашно. Измешајте, додајте сечкан компир и еден домат. Налијте и оставете да крчка уште 20-25 минути. Додајте свеж магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука