Лисната пита со сирење – сочна и вкусна.
Состојки за кори:
- 800-850 гр брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажица сол
- 200 мл вода
- 200 мл млако млеко
Состојки за фил:
- 150 гр сирење
- 1 жолчка
Состојки за прелив:
- 125 гр растопен путер
- 60 мл масло
Начин на подготовка:
- Замесете тесто и оставете да отстои. Исечете на два дела. Развлечете тенко кори, намачкајте со фил и прелив, поклопете со друга кора. Свиткајте во ролат, па во круг, малку со раце притиснете па потоа и со сукало.
- Премачкајте со остатокот од путерот и со една жолчка и печете на 180 степени 30-35 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт