Рафаело топчиња со јагоди!
Состојки:
- 200 гр бело чоколадо
- 100 мл млеко за шлаг
- 100 гр кокосово брашно
- 50 гр крем сирење
- 5 јагоди со средна големина
- 50 гр кокосово брашно
Начин на подготовка:
- Јагодите измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на ситни парчиња. На средно силен оган загрејте млеко за готвење да зоврие па прелијте преку исечканото чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Измешајте кокосово брашно и крем сирење па покријте со пластична фолија. Смесата ставете ја во фрижидер на еден час.
- Со лажица вадете од смесата, во средина ставете парче јагода. Со раце обликувајте топчиња па извалкајте ги во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во фрижидер.
Уживајте!
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт