Кремаст ванила колач со пишкоти

Кремаст ванила колач со пишкоти

Кремаст колач без печење.

Состојки:

  • 3 мали пакувања пишкоти
  • 800 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 лажица густин
  • 5 лажици шеќер
  • 180 гр шлаг
  • 250 гр маргарин
  • 70 гр шеќер во прав
  • 250 мл млеко за потопување на пишкотите

Начин на подготовка:

  1. Ставете 600 мл млеко да зоврие, а во останатите 200 мл разматете пудинг, густин и шеќер. Кога млекото ќе зоврие згответе пудинг и оставете целосно да се излади. 
  2. Посебно разматете маргарин на собна температура со шеќер во прав, па постепено додавајте пудинг. Разматете шлаг и во пудингот додајте 2 полни лажици разматен шлаг, соединете со миксер и филот е спремен. 
  3. Пишкотите потопете ги во топло млеко и редете на тацна половина од пишкотите, потоа половина од жолтиот фил, па половина од шлагот. Повторете ја постапката уште еднаш и оставете го колачот во фрижидер на минимум 4 часа да се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

https://youtu.be/TD_w2ctu0hU

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text