Домашен рафаело намаз: Совршен спој од бело чоколадо и кокос

Домашен рафаело намаз: Совршен спој од бело чоколадо и кокос

Направете домашен рафаело крем кој е одличен за палачинки и подготовка на десерти.

Состојки:

  • 200 мл кокосово млеко
  • 100 гр мелен кокос
  • 150 гр бело чоколадо
  • 80 гр путер
  • 20 гр листови бадеми

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете го путерот и додадете го кокосовото млеко, па загрејте додека не зоврие. Се трга од оган, па се додава искршеното бело чоколадо и се меша додека целосно не се растопи, но не се враќа на оган.
  2. Оставете да се излади, а во меѓувреме пропржете го кокосовото брашно со бадемите на умерен оган само неколку минути, но внимавајте да не изгори. Додадете ги во смесата и убаво измешајте да се соединат добро. Кога целосно ќе се излади, префрлете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text