Полнети пиперки со компир во сос од павлака и јајца – фантастичен ручек!

Полнети пиперки со компир во сос од павлака и јајца – фантастичен ручек!

Полнети пиперки со компир во сос од павлака и јајца.

Состојки:

  • 400 гр компири
  • 6-7 пиперки бабури
  • 1 голем морков
  • 3 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 голем кромид
  • 100 – 150 гр сечкана пршута/колбас/сланина по избор
  • масло за пржење
  • сол, бибер, свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и издлабете ги пиперките. Излупете ги и исечкајте ги компирите, морковите и кромидот. На масло пропржете го кромидот, додадете морков и компир. Малку се пропржува, па се додава вода за да омекне компирот. Додадете сечкано суво месо. Додадете зачини.

     

  2. Кога компирите ќе омекнат, наполнете ги пиперките и наредете ги во тенџере, а вишокот фил распоредете го на дното од тенџерето. Ставете во рерна да се запече малку на 200 степени додека не омекнат пиперките. После тоа измешајте ги јајцата и павлаката, прелијте и вратете во рерна.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text