Фантастична торта со кисела павлака и мелени бисквити

Фантастична торта со кисела павлака и мелени бисквити

Брзо се прави, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 1 пакување темни готови кори
  • 750 гр шлаг
  • 3 дл кисела вода
  • 1 кг кисела павлака
  • 300 гр шеќер во прав
  • 600 гр мелени бисквити
  • 1/2 л чоколадно млеко

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете шлаг со ладна кисела вода. Водата додавајте ја постепено, за шлагот подобро да се размати.
  2. Во меѓувреме киселата павлака измешајте ја со шеќер во прав, па во тоа додајте мелени бисквити и убаво соединете. Во добиената смеса додајте уште 9 лажици разматен шлаг.
  3. Ставете кора на тацна, натопете со чоколадно млеко па намачкајте со шлаг и преку со фил од бисквити. Повторете ја постапката со уште 2 останати кори. Од горе по желба прелијте со чоколадна глазура и украсете по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text