Одличен рецепт кој ќе ве воодушеви.
Состојки:
- 12 кори
Состојки за фил:
- 4 големи портокали
- 1 ванилин шеќер
- 2 рамни лажици кристал шеќер
- 1 лажица скроб
- 3 лажици гриз
- 2 лажици мелени бисквити
Состојки за фил за кори:
- 3 јајца
- 3 чаши јогурт
- 100 мл масло
- 1 рамна лажица кристал шеќер
- 1/2 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Портокалите излупете ги и исечкајте ги, ставете во тенџере и додајте ги останатите состојки за фил, па згответе. Филот за кори разматете го.
- Премачкајте со фил четири кори, на четвртата ставете фил од портокал и свиткајте во ролат. Повторувајте го процесот додека имате материјал.
- Ролатите премачкајте ги со остатокот од филот за кори. Печете на 180 степени 20-25 минути.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
https://youtu.be/alWmOfGA0LY