Направете неодоливи домашни кекси.
Состојки:
- 100 гр путер
- 100 гр шеќер во прав
- 280 гр брашно
- кора од лимон
- 1/2 прашок за печиво
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 лажица какао
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Путерот разматете го со шеќер, ванилин шеќер, додајте кора од лимон, јајце, брашно со прашок за печиво. Замесете глатко тесто.
- Поделете на два дела, во еден додајте какао во кое сте додале лажица млеко. Развлечете на 1/2 см и со калапи вадете кекси. Редете во плех и печете на 180 степени околу 15 минути.
Уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт