Постојат неколку совети кои можете да ги запомните и секогаш да уживате во највкусните праски.Иако миризливата праска е секогаш добар знак, тоа не е главниот показател дали ќе биде добра или не, бојата е најважна. Праските треба да имаат живи тонови и бои. Внимавајте да не ги купувате оние со зелени тонови, што е знак дека праската е прерано набрана.
Текстура на праска
Праските стануваат послатки и посочни како што созреваат. Ако ги стегнете, ќе дознаете во која фаза се. Притиснете лесно, ако праската е мека тоа е знак дека е спремна за јадење.
Складирање
Кога ги носите праските дома, чувајте ги на собна температура. Најдобро е да не бидат една врз друга за да не се расипат брзо.