Неодолив сладолед од диња

Неодолив сладолед од диња

Подгответе неодолив сладолед од диња…

Состојки:

  • 500 гр диња
  • 3 жолчки
  • 100 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 250 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер гответе ги на пареа 5 минути. Оставете малку да се излади.
  2. Дињата исечкајте ја на помали парчиња и измиксајте во блендер.
  3. Слатката павлака разматете ја во шлаг.
  4. Шлагот додајте го во изладениот крем од јајца, соединете, додајте и измиксана диња, сè добро соединете.
  5. Сладоледот ставете го во сад, израмнете и поклопете, ставете во замрзнувач на минимум 4 часа да смрзне, а може и подолго.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text