Пикантен компир со сланина и јајца – вкусна вечера

Пикантен компир со сланина и јајца – вкусна вечера

Кога еднаш ќе подготвите компир на овој начин, ќе го правите секогаш…

Состојки:

  • маслиново масло
  • 1,5 кг млад компир
  • две или три чешниња лук
  • две суви лути пиперки
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • четири јајца
  • мајчина душица, босилек
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Младите компири убаво измијте ги, па варете десетина минути во посолена зовриена вода за малку да омекнат.

     

  2. Потоа исцедете ги и префрлете ги во плех. Додадете цели чешниња лук, исечкани лути пиперки и ситно сечкана сланина.

     

  3. Посолете, побиберете, зачинете со мајчина душица и босилек, прелијте со маслиново масло и печете во рерна на 200 степени 25 минути. Во меѓувреме испржете ги јајцата на око, па послужете ги со компирите.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text