Пилешко во сос од печурки: Едноставно, брзо и сочно јадење

Пилешко во сос од печурки: Едноставно, брзо и сочно јадење

Идеја за вкусен ручек…

Состојки:

  • 800 гр пилешки гради
  • 400 гр шампињони
  • 2 лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • 150 гр кашкавал
  • 30 гр путер
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Посолете и побиберете ги пилешките гради, додадете маслиново масло.

     

  2. Пржете ги во загреана тава 2 минути на средна температура од двете страни.

     

  3. Извадете ги и во истото тавче пропржете ги печурките со 30 грама путер.

     

  4. Посолете и пржете 5 минути на средна температура.

     

  5. Додадете брашно, пржете 1 минута на тивок оган.

     

  6. Додадете млеко и динстајте 3 минути.

     

  7. Зачинете со бибер и магдонос.

     

  8. Додадете 100 грама рендан кашкавал и тргнете го од оган.

     

  9. Во сад ставете дел од приготвениот сос.

     

  10. Наредете ги пилешките гради и прелијте ги со преостанатиот сос од печурки.

     

  11. Посипете со 50 грама рендан кашкавал.

     

  12. Се пече во загреана рерна на 200 степени 15 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text