Во јогуртот додајте зачини и направете го најдоброто домашно сирење

Во јогуртот додајте зачини и направете го најдоброто домашно сирење

Најлесен начин да подготвите домашно сирење од јогурт.

Состојки:

  • 750 мл грчки јогурт
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сушен магдонос
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сушен власец

Начин на подготовка:

  1. Посолете го грчкиот јогурт и добро измешајте. Ако сакате, додадете магдонос, лук и власец. Добро измешајте, па ставете ја смесата во газа. 
  2. На сад ставете цедалка, а потоа ставете ја газата со јогурт. Оставете да се исцеди во фрижидер 48 часа. Извадете на хартија за печење и обликувајте по желба. Не мора да додавате зачини во сирењето ако не сакате, само солта е задолжителна.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text