Запечена брокула со домати: Брзо и евтино јадење

Запечена брокула со домати: Брзо и евтино јадење

Брзо, вкусно, евтино…

Состојки:

  • 3-4 брокули
  • 200 гр шери домати
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр тврдо сирење
  • 125 гр моцарела или друго сирење кое се топи

Начин на подготовка:

  1. Брокулата исечкајте ја на цветчиња, а потоа кратко бланширајте во солена вода. Доматите преполовете ги, па зачинете, додајте мелено лукче и маслиново масло. Добро промешајте.

     

  2. Брокулата процедете ја, па ставете ја во тавата, па додајте ги доматите. Посипете со рендано сирење и промешајте. Исечете ја моцарелата на парчиња и ставете ја врз зеленчукот. Прелијте со маслиново масло и печете на 200 степени околу 15 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text