Стар грчки рецепт за вкусни палачинки

Стар грчки рецепт за вкусни палачинки

Стар грчки рецепт за вкусни палачинки – пробајте ги!

Состојки:

  • 100 гр меко брашно
  • 8 лажици мед
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 200 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Брашното ставете го во еден сад, постепено додавајте вода и со лажица мешајте да се растворат грутките. Додајте, постепено 4 лажици мед. 
  2. Кога ќе ја загреете тавата, ставете семки од сусам и пржете ги додека не добијат убава жолта боја. Префрелете ги во сад. 
  3. На истата тава загрејте една четвртина од смесата така што ќе обликувате округла палачинка. Печете од двете страни додека на пожолти. 
  4. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата. Ова е доволно за 4 палачинки. 
  5. Печените палачинки премачкајте ги со останатиот мед, посипете со сусам и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text