Брзи и вкусни ќофтиња од пилешко месо и пилешки џигер.
Состојки:
- 2 шницли пилешко филе
- 2 парчиња пилешки џигер
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 1 главица лук
- бибер
- сол
- сув зачин
- малку прашок за печиво
- малку кашкавал на листови
- црвена пипер
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Месото и џигерот сомелете ги, додајте ги сите состојки освен кашкавалот, добро замесете со раце и правете ќофтиња.
- Редете во намастен плех па покријте го секое ќофте со лист кашкавал.
- Печете на 200 степени околу 40 минути. Послужете со компир, ориз…
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди