Шницли со јунешко и сланина

Шницли со јунешко и сланина

Одличен ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 600 гр мелено јунешко
  • 150 гр кашкавал
  • 80 гр сува сланина Пекабеско
  • малку средина од леб
  • 1 јајце
  • 1 чаша кисела вода
  • сол
  • бибер
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Кашкавалот и сланината исечкајте ги на коцки. Средината од леб потопете ја во кисела вода, оставете малку да отстои, па исцедете. Меленото месо соединете го со сланина, разматено јајце, кашкавал и леб, посолете, побиберете и добро измешајте.
  2. Рацете навлажнете ги со кисела вода, па од мешавината правете округли шницли, спуштајте ги во загреано масло и пржете ги. Готовите шницли вадете ги и редете ги на чинија. Околу нив ставете исчистен, измиен и исечкан кромид, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text