Брзи и вкусни кифлички…
Состојки:
- 600 гр брашно
- 2 дл млеко
- 1 дл масло
- 1 лажица сол
- 1 чаша павлака Пекабела
- 1 кесичка сув зачин
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 жолчка
- ленено семе
Начин на подготовка:
- Млако млеко измешајте со сув квасец и додајте масло и павлака. Во брашното додајте сол и прашок за печиво, па постепено сувите состојки додавајте ги во влажните и замесете глатко тесто. Добиеното тесто со сукало развлечете го, исечете го и мотајте кифлички.
- Наредете кифлички во плех обложен со хартија за печење, премачкајте со жолчка, посипете со ленено семе. Рерната загрејте ја на 180 степени и печете ги кифличките 15 минути.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки