Омлет со млад кромид: Разматете го со „таен“ сос и ќе добиете совршен залак!
Состојки:
- четири јајца
- лажичка брашно
- лажица млеко
- млад кромид
- половина морков
- лажица ојстер сос
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- Во еден сад растворете го брашното во млекото, па додајте ги јајцата и ојстер сосот и сè убаво изматете. Во тава на загреано масло кратко пропржете млад кромид и рендани моркови, прелијте ги јајцата и печете додека не фати кора. Превртете, печете уште две минути, зачинете и послужете веднаш.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна