Сок кој ќе ве освежи и ќе ве заслади.
Состојки:
- 2 кг слатки јаболка
- 200-400 гр шеќер
- 1/2 кесичка конзерванс
Начин на подготовка:
- Измијте ги јаболката, исечкајте ги на коцки. Ставете ги во лонец и измиксајте со миксер. Прелијте со литар вода и гответе на слаб оган околу 10 минути. Процедете го сокот низ газа во друг лонец.
- На сокот додајте му шеќер и оставете да се готви. Тргнете ја пената, па додајте конзерванс. Врелиот сок ставете го во подготвени шишиња и добро затворете ги.
Уживајте!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт