Вкусна пита за доручек или вечера!
Состојки:
- 4 јајца
- 10 лажици бело брашно
- 2 лажици пченкарно брашно
- 1 прашок за печиво
- малку сол
- 2 печени кисели пиперки
- 3 кисели краставички
- 1 варен морков
- 50 мл масло
- 200 мл јогурт
- 200 гр фета сирење
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, додајте просеани брашна со прашок за печиво. Посолете, па додајте сечкана пиперка, краставички на коцки, како и морков, масло, јогурт и сечкан магдонос. Изедначете, па на крај додајте сирење на коцки.
- Измешајте со лесни движења и ставете во намастен и посипен со брашно плех. Печете на 200 степени 50-60 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот