Мусака од домати и јајца: Брз ручек за 30 минути

Мусака од домати и јајца: Брз ручек за 30 минути

Лесна мусака од домати – ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 1 кг домати (не многу зрели плодови)
  • 5 варени јајца
  • 125 гр путер + путер за намастување
  • 1 веза магдонос
  • презла
  • сол
  • бибер
  • кашкавал по желба

Начин на подготовка:

  1. Доматите исечкајте ги на тенки кругови, како и варените јајца. Путерот добро загрејте го и измешајте го со сечкан магдонос.
  2. Со путер намастете огноотпорен сад, па посипете презла. Наизменично редете кругови домати и јајца, а секој ред преливајте го со растопен путер со магдонос и презла. Пред последниот ред домати, посипете рендан кашкавал, па на крај пропрскајте со останатиот растопен путер.
  3. Печете околу 25 минути на 180-200 степени и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

 

 

 

singlepost_text