Вкусни јунешки плескавици кои ќе ги правите често.
Состојки:
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 600 гр мелено јунешко месо
- 2 лажички мелена пиперка
- 1 лажичка мајоран
- 1 лажичка мелен ким
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 2 лажички сол
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот излупете ги. Кромидот исечкајте го што поситно, а лукот изгмечете го и додајте го во месото во чинија.
- Додајте ги и останатите состојки, па добро измешајте.
- Смесата поделете ја на 12 делови со иста големина, обликувајте топчиња, лесно сплескајте ги и ставете на скара. Печете ги од секоја страна по 7 минути.
- Плескавиците можете да ги испечете и во рерна во плех обложен со хартија за печење.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна