Вкусна домашна паштета за доручек.
Состојки:
- 200 гр варена леќа
- 400 гр буковки
- 1 дл млеко
- 1 лажичка брашно
- 1 лажица путер
- 2 лажички сол
- 1/2 лажичка бибер
- 1,5 лажичка мешавина од зачини
- 80 гр ореви
- бујон од зеленчук
Начин на подготовка:
- Згответе ја леќата. Буковките исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови па гответе ги во сад со малку бујон. Кога печурките ќе омекнат, тргнете ги од оган и малку изладете.
- Сомелете печурки, леќа и ореви во блендер и смесата префрлете ја во сад.
- На путер пропржете брашно, залијте со млеко и гответе мешајќи додека не добиете глатка смеса. Измешајте со иситнетите состојки. Зачинете со сол, бибер и зачини.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви