Брз и одличен рецепт за пржени пастрамки – вкус кој се памти!
Состојки:
- 1 кг мали компири
- сол
- бибер
- 4 подготвени пастрмки
- 1 лажица вински оцет
- 3 лажици масло
- 4 лажици брашно
- 6 лажици путер
- 125 гр бадеми
- 2 лимони
- ситно сечкан магдонос
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги, измијте ги и згответе ги во посолена вода. Пастрмките измијте ги и избришете ги со крпа. Оцетот измешајте го со сол, бибер и лажица масло, па премачкајте ги рибите со дресингот и извалкајте ги во брашно.
- Во тава загрејте по лажица масло и путер и пржете ги пастрмките ос секоја страна по 5 минути, а потоа извадете ги и оставете ги на топло.
- Исчистете ја тавата и на неа загрејте 4 лажици путер и пропржете ги бадемите. Исцедете сок од лимон. Со сокот прелијте ги пастрмките и посипете со бадеми.
- Исцедете го компирот и посипете го со магдонос. Рибите послужете ги со варени компири
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л