Пилешко со зеленчук подготвено на здрав начин

Пилешко со зеленчук подготвено на здрав начин

Пилешко со зеленчук подготвено на здрав начин.

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 300 гр моркови
  • 250 гр брокули
  • 250 гр карфиол
  • 1 главица кромид
  • 2 ловорови листови
  • 1 лажичка сув босилек
  • бел бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Од пилешките гради отстранете ја кожата и исечете го месото на парчиња (не премногу ситно). Ставете во тенџере, долијте вода, а потоа ставете крупно сечкан морков, цела главица кромид, ловоров лист, босилек и сол. Гответе околу 30 минути.
  2. Потоа додајте брокули и на цветови исечкан карфиол и гответе уште 15 минути. На крај додајте свежо мелен бел бибер по вкус, и пилешкото со зеленчук е готово.
  3. Исцедете ја водата, тргнете го кромидот и ловоровите листови, па послужете го јадењето топло.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text