Еве како сами да направите млеко од лешник

Еве како сами да направите млеко од лешник

Еве како сами да направите млеко од лешник.

Состојки:

  • 1 шолја лешници (2 дл)
  • 3-4 шолји вода
  • 5 исечкани урми
  • прстофат сол
  • малку ванила
  • газа за цедење

Начин на подготовка:

  1. Лешниците иситнете ги во блендер. Додајте урми и прелијте со топла вода. Оставете да се потопат неколку часа или најдобро преку ноќ.
  2. Додајте сол и зачини и уште еднаш сè добро изблендирајте. Во широк сад раширете поголемо парче газа во двоен слој така што добро ќе преминува преку рабовите.
  3. Во средина налијте ја смесата од лешници, соберете ги рабовите газа внимавајќи смесата да не истече од страна и добро исцедете со раце. Она што останува во садот е млеко од лешник, а остатокот од мелените лешници можете да го употребите за некој друг рецепт.
  4. Млекото од лешници може да стои во фрижидер 3-4 дена.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text