Ќофтиња полнети со моцарела кои се топат во уста

Ќофтиња полнети со моцарела кои се топат во уста

Едноставен и вкусен рецепт кој ќе ве воодушеви…

Состојки:

  • 450 гр мелено јунешко месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја ситно сечкан црвен кромид
  • 1/2 шолја презла
  • 1/2 шолја рендан пармезан
  • 1/4 шолја млеко
  • 2 лажици ситно сечкан лук
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка табаско сос
  • доматен концентрат
  • сол
  • бибер
  • 10 коцки моцарела сирење

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 170 степени, а огноотпорниот сад намастете го.
  2. Во голем сад измешајте месо, јајце, црвен кромид, презла, пармезан, млеко, лук, сенф, табаско, сол и бибер па сè добро измешајте состојките да се соединат.
  3. Од месната смеса обликувајте топчиња во кои ќе правите вдлабнатини и во нив ќе ставите парчиња моцарела сирење. Затворете ги ќофтињата и добро проверете дали сирењето во целост е обложено со месо.
  4. Ќофтињата наредете ги во подготвен сад за печење, додајте концентрат од домати и оставете да се печат во загреана рерна 30-35 минути.
  5. Послужете со тестенини или пире од компири.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text