Брзо и вкусно јадење од телешко месо.
Состојки:
- 600 телешко од бут
- 300 гр шампињони
- 1 главица кромид
- 200 мл павлака за готвење
- 2 лажици скробно брашно
- 1 лажица сечкан магдонос
- 50 гр путер
- 1 лажица зачин
Начин на подготовка:
- Телешкото исечкајте го на коцки, а кромидот ситно насечкајте го.
- На путер пропржете исечкано месо, додајте кромид и динстајте заедно пет минути.
- Додајте шампињони исечкани на листови и зачини, па продолжете со динстање со повремено наливање вода околу 30 минути.
- Кога месото ќе омекне, додајте скробно брашно разматено во малку вода и павлака за готвење.
Добар апетит!
Салата која летово ќе ја правите секој ден
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика
Полнети тиквички по најдобар рецепт