Ролни со сирење и шунка, идеални за доручек или вечера

Ролни со сирење и шунка, идеални за доручек или вечера

Ролни со сирење и шунка, идеални за доручек или вечера.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 3 јајца
  • 100 гр презла
  • 10 гр квасец
  • сол
  • 150 гр шункарица
  • 150 гр сирење
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто, додајте едно јајце, млеко, брашно и сол. Оставете да нарасне, па развлечете тенка кора и поделете ја на правоаголници.
  2. Во секој правоаголник ставете по лист шункарица и малку сирење во кое сте додале 1 жолчка. Свиткајте ги малку страните и свиткајте во ролна.
  3. Остатокот од јајцата разматете го, посолете, па секоја ролна провлечете ја низ јајца, па извалкајте ја во презла и тоа повторете го. Наредете во послужавник, а потоа пржете во масло и пржените ролни вадете ги на хартиена салфета да се исцедат од вишокот маснотии.
  4. Послужете со омилениот сос и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text