Направете сами вкусно чоколадо со ориз.
Состојки:
- 200 гр чоколадо за готвење
- 100 гр експандиран ориз
- 250 гр маргарин
- 100 гр мед
- 100 гр бадеми
Начин на подготовка:
- Во тенџере растопете мед, додајте маргарин на коцки, чоколадо на коцки и сè растопете на слаб оган.
- Додајте ориз и бадеми па сè убаво изедначете и ставете во калапи по избор.
- Оставете да се излади во фрижидер 2-3 часа и сечете по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега