Кога немате време да правите класична пита или имате изненадни гости, оваа пита е вистински избор.
Состојки:
- 4 јајца
- 12 лажици брашно
- 2 лажици гриз
- 1 прашок за печиво
- 1 шолја млеко
- 1 шолја масло
- 300 гр сирење
- 200 гр спанаќ
- 100 гр сусам
Начин на подготовка:
- Разматете жолчки, прашок за печиво, гриз, масло, млеко и брашно.
- Во одвоен сад разматете белки.
- Сирењето, спанаќот и белките додајте ги во смесата со жолчки, па сè добро соединете.
- Префрлете ја смесата во намастен плех, посипете со сусам и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт