Колач без шеќер и брашно – се прави за миг!
Состојки:
- 4 јајца
- 2 портокали
- 200 гр ореви, бадеми, лешници или кокос
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 100 гр црно чоколадо
- 200 мл неутрална павлака за готвење
Начин на подготовка:
- Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час, потоа гответе ги околу половина час додека не омекнат.
- Добро сомелете ги во блендер, додајте јајца и јаткасти плодови, претходно сомелени и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути.
- На рингла згответе неутрална павлака па во неа додајте чоколадо додека не се растопи. Прелијте го готовиот и изладен колач. Разладете во фрижидер и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути