Брз и неодолив брауни колач – само измешајте и испечете

Брз и неодолив брауни колач – само измешајте и испечете

Брз и неодолив брауни колач!

Состојки:

  • 100 гр овесни снегулки
  • 50 гр какао
  • 170 гр мед
  • 125 гр путер од кикирики
  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, намастете сад со големина 20х20 и покријте го со хартија за печење.
  2. Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте да добиете густа и глатка смеса.
  3. Прелијте во подготвениот сад и печете 20 минути. Причекајте колачот да се излади, па исечкајте го на коцки и послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text