Домашна витаминска чорба…
Состојки:
- 1 пиперка
- 1 мала главица кромид
- 2 моркови
- 1 корен целер
- корен магдонос
- малку брокула
- малку грашок
- 1 рака боранија по желба
- масло
- сол
- бибер
- 50 гр ориз
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкан кромид, рендан и сечкан морков. Кога ќе се издинста додајте компир исечкан на коцки и останатиот зеленчук. Налијте со вода и гответе 20 минути. Додајте ориз и гответе уште 10 минути. Додајте сол, бибер и на крај сечкан магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи