Неодоливи слатки мафини со кокос

Неодоливи слатки мафини со кокос

Неодоливи слатки мафини со кокос…

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 3 лажички прашок за печиво
  • 75 гр кокосово брашно
  • 125 гр шеќер
  • јајце
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици ликер од кокос
  • 80 мл мало
  • 15 гр листови кокос
  • 1 лимета
  • 150 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во сад разматете јајце, млеко, масло и ликер од кокос, а потоа постепено додајте брашно измешано со прашок за печиво, шеќер и кокосово брашно. 
  2. Добро соединете со миксер, па наполнете калапи за мафини обложени со мрсна хартија и печете во рерна на 175 степени околу 25 минути. 
  3. Листовите кокос испржете ги во тава без маст. Лиметата измијте ја со топла вода, изрендајте ја кората и исцедете го сокот. 
  4. Шеќерот во прав измешајте го со сок од лимета, прелијте изладени мафини и украсете со печени листови кокос.

Уживајте!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text