Овошна торта со пишкоти, без печење

Овошна торта со пишкоти, без печење

Овој рецепт може лесно да се прилагоди и за посна варијанта.

Состојки:

  • 1 пакување пишкоти
  • 1 пудинг од малини
  • 1 пудинг од ванила
  • 70 гр путер
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 6 лажици шеќер
  • 200-300 гр малини
  • 250 мл млеко
  • 200 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Во млекото додајте 2 лажици шеќер и згответе пудинг и изладете го. Путерот разматете го со шеќер во прав па спојте со изладениот путер и добро разматете. Во тенџере ставете вода и додајте малини и 2 лажици шеќер. 
  2. Кога ќе зоврие исцедете, па отстранете ги семките. Вратете повторно на шпорет па во тоа згответе пудинг од малини. Во мал кружен плех на дното ставете фолија па наредете половина од пишкотите, од горе ставете го целиот пудинг од малини и распоредете.
  3. Преку ставете пудинг од ванила и од горе наредете ги останатите пишкоти. Оставете покриено со фолија да преноќи или 3-4 часа да стегне. Превртете на чинија па прелијте со чоколадо. Украсете со шлаг и малини по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text