Совршени ќофтиња.
Состојки:
- 150 гр сирење по желба
- 100 гр пиперки
- 1 лажичка чили
- 1 лажичка сенф
- 2 лажици мајонез
- 550 гр мелено говедско
- 1 јајце
- путер
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте изрендано сирење, ситно сечкана пиперка, чили, сенф, мајонез и бибер. Кога состојките ќе се соединат, оставете ја смесата да отстои додека го подготвувате месото.
- Во меленото месо додајте јајце, сол и бибер и сè лесно измешајте. Потоа додајте го месото во претходно направената смеса и повторно измешајте.
- Растопете путер и ќофтињата, обликувани со раце, пржете ги на путер додека не поруменат.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна