Коктел печиво со сирење. Брза подготовка, фантастичен вкус!
Состојки:
- 200 гр маргарин
- 2 јајца
- 1 белка
- 300 гр сирење
- 450 гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 жолчка за премачкување
- сусам
- мак
- ленено семе
Начин на подготовка:
- Во маргаринот додајте јајца и белка, сирење и соединете. Додајте просеано брашно со прашок за печиво и замесете глатко тесто.
- Префрлете го тестото на побрашнета површина и поделете на 2 дела. Развлечете го тестото и вадете облици со калап. Редете во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам и мак. Печете во загреана рерна 15 минути на 180-200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна