Ако немате многу време за подготовка, направете ги овие вкусни погачици…
Состојки:
- 400 гр пченично брашно
- 10 гр прашок за печиво
- 250 мл млеко
- 40 мл масло
Начин на подготовка:
- Во сад ставете просеано брашно, прашок за печиво и сол, па измешајте. Додајте млеко, масло, па замесете тесто. На побрашнета површина развлечете тесто и со калап вадете печива. Редете во добро загреана тава без масло и печете по 5 минути од двете страни.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: