Кремаст колач за 20 минути

Кремаст колач за 20 минути

Брза и лесна подготовка, а сите состојки ги имате во кујна.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 60 гр шеќер
  • 75 мл млеко
  • 60 мл масло
  • 125 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр крем сирење
  • 200 гр јагоди
  • чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајце со шеќер, па додајте млеко, масло и просеано брашно со прашок за печиво. После секое додавање матете. Ставете ја смесата во калап со димензии 27х26 обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени 15 минути.
  2. Разматете слатка павлака со ванилин шеќер, па додајте крем сирење и соединете. Распоредете ја смесата покрај бисквитот, па наредете преку сечкани јагоди и сечкано чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text