Мексикански ручек – брзо и вкусно јадење за целото семејство

Мексикански ручек – брзо и вкусно јадење за целото семејство

Мексиканска мусака – совршен ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 4-5 црвени пиперки
  • 1/2 жолта пиперка
  • 1/2 зелена пиперка
  • 3 тиквици
  • 1 главица црвен кромид
  • маслиново масло
  • путер
  • 1 конзерва пченка
  • 1-2 кесичка мешавина мексикански зачини (бурито или фахита)
  • 1-2 дл вода
  • 1/2 кг сирење гауда
  • 1 пакување тортиљи
  • чили во прав
  • 1-2 парчиња пилешко филе

Начин на подготовка:

  1. На мешавина од путер и маслиново масло продинстајте на стапчиња исечкано пилешко филе. Додајте исечкани пиперки и кромид. Кога малку ќе се издинста, додајте лук и пченка, а потоа и зачин и малку вода. Додајте тиквици исечкани на коцки, уште чили и сол по вкус.
  2. Динстајте уште пет минути и, ако треба, додајте уште вода да има доста течност за тортиљите да се натопат. Во огноотпорен намастен сад наредете ред тортиљи, ред динстан зеленчук, ред рендано сирење и така додека не го потрошите материјалот.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text