Плескавици од тиквици и сирење

Плескавици од тиквици и сирење

Плескавици од тиквици и сирење. Вкусен ручек кој ќе го правите постојано.

Состојки:

  • 3 средни тиквици
  • 250 гр фета сирење
  • 1/2 веза копар
  • 3 јајца
  • 100 гр брашно
  • 50 гр презла
  • 4 струка млад кромид
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте и изрендајте тиквици. Ставете ги во цедилка, посолете и оставете околу половина час да се исцедат. Во меѓувреме, исечкајте млад кромид и измешајте со издробено фета сирење. Додајте ситно сечкан копар и брашно, бибер и сол, но не премногу бидејќи фета сирењето е солено. 
  2. Додајте разматени јајца и сѐ добро соединете. Во оваа смеса додајте исцедени тиквици и сѐ уште еднаш измешајте. Во поголема тава загрејте масло, па ставете по лажица од смесата од тиквици и пржете околу пет минути на секоја страна. Ставете на кујнска хартија да се исцеди од вишокот маснотии.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text