Се топат во уста…
Состојки:
- 5 јајца
- 300 гр шеќер + 5 лажици
- 150 гр брашно + 5 лажици
- 150 гр кокос + уште малку за посипување
- 1/2 л млеко + 2 шолји
- маргарин
- шлаг или рендано чоколадо за декорација
Начин на подготовка:
- Разматете 5 белки, 200 гр шеќер, 150 гр брашно и 150 гр кокос. Ставете ја смесата во плех од рерна и печете на 180 степени. Кога кората ќе се излади прелијте со 2 шолји врело млеко.
- За филот, разматете 5 жолчки со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, потоа згответе во половина литар млеко додека не згусне како пудинг. Во изладениот фил додајте 1 разматен маргарин со 100 гр шеќер
- Филот премачкајте го преку кората и од горе посипете со кокос и рендано чоколадо. Доколку не сакате кокос, од горе ставете шлаг преку филот.
Уживајте!